„Вршник“ донесе нови рекорди во „Бучим“

Bez autora
Nov 19 2012

Рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш го активира рудното тело „Вршник“ што денес се покажува како исклучително профитабилен деловен проект. Со ископувањата на руда од ова рудно тело се остваруваат рекордни резултати, пред се' во однос на зголемено производство на бакарен концентрат како резултат на поголемиот процент на бакар од 0,6 проценти на еден тон сурова руда што со себе носи и поголеми финансиски остварувања. Во последните два месеца со експлоатацијата на ова рудно тело остваривме реализација во вредност од десет милиони долари, што е за двапати повеќе од истиот период во претходната година. Ако од Централното рудно тело ископуваме руда со содржина на бакар од 0,24 проценти по тон, од "Вршник" добиваме за 2,5 пати побогати содржини на бакар. Од овој резултат покрај рудникот корист имаат и Општина Радовиш и државата.

„Вршник“ донесе нови рекорди во „Бучим“Рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш го активира рудното тело „Вршник“ што денес се покажува како исклучително профитабилен деловен проект.

Со ископувањата на руда од ова рудно тело се остваруваат рекордни резултати, пред се' во однос на зголемено производство на бакарен концентрат како резултат на поголемиот процент на бакар од 0,6 проценти на еден тон сурова руда што со себе носи и поголеми финансиски остварувања.

„Во последните два месеца со експлоатацијата на ова рудно тело остваривме реализација во вредност од десет милиони долари, што е за двапати повеќе од истиот период во претходната година. Ако од Централното рудно тело ископуваме руда со содржина на бакар од 0,24 проценти по тон, од ’Вршник‘ добиваме за 2,5 пати побогати содржини на бакар. Од овој резултат покрај рудникот корист имаат и Општина Радовиш и државата. Само во буџетот на Општина Радовиш, на име концесии од експлоатацијата на рудата, на месечно ниво сега се слеваат 20.000 долари повеќе“, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор на единствениот рудник за бакар во државата.

Во моментов рудникот ги експлоатира Централното рудно тело и „Вршник“, а производството на катоден бакар достигна рекордно ниво од 150 тони во текот на еден месец.

„Нашиот план за развој на рудникот се темели на фактот дека до 2020 година ќе ги експлоатираме овие рудни тела за потоа да поминеме на новото рудно тело ’Боров Дол‘, кој зафаќа територија од две општини – Конче и Штип. Идната година планираме да го интензивираме процесот на геолошки истражувања на овој терен. Одлична можност имаме со новиот Закон за минерални суровини со кој ни се овозможува проширување на полето на концесија за детални геолошки истражувања. Досегашните работи на овој терен дадоа позитивни сигнали дека се работи за наоѓалиште на бакар погодно да биде ставено во економска експлоатација. Многу брзо ќе започнеме со отстранување на 50 милиони тони јаловина за што поскоро да стигнеме до рудата“, посочува Николов.

Проекциите на познавачите за идниот развој на „Бучим“ се дека со почетокот на експлоатација на рудното наоѓалиште „Боров Дол“, и со сегашниот капацитет, рудникот непречено ќе може да работи до 2030 година, односно економскиот живот на „Бучим“ ќе трае и во следните осумнаесет години. Сепак, тука нема да биде крајот на овој значаен стопански капацитет за националната економија бидејќи во околината на самиот рудник постојат детектирани локации за кои геолошката наука од порано има укажано дека постојат сериозни резерви на бакарна руда и злато.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik